More Info at www.abv.mk

SANDVIK COROMANT е водечки светски производител на алати за металопреработувачката индустрија. Со големите вложувања во истражување и развој создава единствени иновации и поставува нови стандарди заедно со своите корисници. Застапен е во 130 земји и вработува 8000 лица. Основан е 1862 година.

DORMER е еден од водечките производители на резни алати од тврд метал и брзорезен челик во светот, со репутација за квалитет и иновативност. Опширната програма која константно еволуира покрива голем дел апликации во областа на дупчењето, развртувањето, глодањето и изработката на навои. Претставува важен дел на SANDVIK групацијата и е застапен во повеќе од 100 земји низ светот.

MITUTOYO е интернационален лидер во својата област со повеќе од 5000 високо технолошки инструменти и машини за мерење. Основан е 1934 година. Се одликува со најголема понуда на инструменти за мерење должински мерки.

SGS TOOLS е производител на ротирачки алати од тврд метал посветен да обезбеди врвни перформанси на своите производи и техничка подршка на своите купувачи.

SARTORIUS Werkzeuge е трговска фирма основана 1879 година. Квалитетот, постојаноста, врвната подршка заедно со сигурноста на потрошувачите во нивните производи и услуги ги прави еден од водечките доставувачи на алати во металопреработувачката индустрија.

VERTEX Machinery е компанија специјализирана за производство на високо прецизна помошна опрема за стругање, глодање и брусење.